МВР му поднесе кривична на Мерко

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Рамиз Меко поради основи на сомнение за несовесно работење во службата. Во својство на градоначалник, како што посочуваат од полицијата, Мерко на 30 мај 2018 и на 1 април 2024 година донел решение се кое А.О. од струшкото село Подгорци од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село, притоа знаејќи дека не ги исполнува условите.
„Пријавениот Р.М. го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање англиски јазик“, наведуваат од МВР во писменото соопштение.