ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Водиме битка за идните генерации кај нас, но и пошироко

Ќе разговараме со сите фактори коишто се дел од нашето портфолио и ќе се бориме да ја вратиме идејата за европските вредности, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со неговото утрешно заминување за Брисел.
„Разговаравме со Комесарката Кос, со претседателот на Советот, Кошта, сега ќе разговараме со Каја Калас, ќе разговараме со сите што се дел од нашето портфолио и ќе ги аргументираме нашите позиции. Ќе се бориме зашто ова е битка за идните генерации, не само кај нас, во Македонија, туку и пошироко во Европа. Ние се бориме да ги вратиме европските вредности, онакви на коишто почива идејата за ЕУ. Таа не почива на билатерални спорови“, рече Мицкоски.