ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството најави распуштање на групата „Беланоца-Барон“

Обвинителството најави распуштање на групата „Беланоца-Барон“

Уништена е криминалната група „Беланоца-Барон“, соопшти Обвинителството во врска со полициската акција, во која беа уапсени четири лица, додека едно од нив сам се пријавил во полиција, по рациите на 30 локации во Чаир, Арачиново, Шуто Оризаре, Бутел и Студеничани. При рациите пронајдена е поголема сума пари, злато, оружје и други предмети, додека Полицијата потпомогната од Армијата продолжува со акција на повеќе локации за пронаоѓање материјални докази. Обвинителството денеска донесе наредба за истражна постапка против 18 лица, од кои 14 се осомничени дека ги нарачале или директно ги извршиле убиствата, додека вкупно 12 се осомничени за злосторничко здружување. Петмина се осомничени и за „тешки дела против безбедноста“, додека четворица се осомничени за кривично дело изнуда.

Advertisements

„Организаторите на криминалната група подготвила план и кој, како и каде и на кој начин ќе биде ликвидиран. Потоа ги спроведувале одлуките лично или преку членови на групата, плаќајќи од 10 до 250.000 евра по убиство“, велат од Обвинистелство.

Групата, според Обвинителството, насилно и со сериозни закани, како и со палење на некои објекти на територијата на Скопје, изнудувала финансиски средства на месечно ниво, но и барала да се исплаќаат парите паушално. Еден од водачите на групата дури три пати наредил да се запали автомобил на полицаец, кој не му дозволувал да работи со лихварство и да продава дрога во затвор. Подземните скопски банди веќе неколку години се пресметуваат преку насилни дејствија и мафијашки убиства, главно за чување или преземање контрола врз нивниот главен бизнис – дрогата.

Списокот на жртви е долг, а продолжува да се пополнува поради одмазда и непријателство, како групно, така и семејно. Крвавата војна е префрлена на социјалната мрежа што ја користат младите TikTok, каде се објавува дури и содржина со закани и предупредувања за убиство./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button