Мицкоски вели дека обврските кои ги имал не му дале простор подетално да се информира за полициските акции поврзани со истрагите за Државната лотарија
Мицкоски вели дека обврските кои ги имал не му дале простор подетално да се информира за полициските акции поврзани со истрагите за Државната лотарија

Претставниците на власта не сакаа да дадат многу детали за полициската акција спроведена во куќите на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државната лотарија, Бајрами. Премиерот рече дека нема детали за акцијата поради многубројните обврски.
Првиот вицепремиер Изет Меџити вели дека не се работи за политички реваншизам. Деталите се препуштени на надлежните институции.
„Долгите колони синоќа кај Блаце имаа врска со полициските акции. Нагласувам дека борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна, без реваншизам, и не моноетничка, без паради пред децата и нивните семејства затоа што не треба да снимаме филмови, туку едноставно постапката да оди до крај“, рече Изет Меџити, вицепремиер.
Меџити не ги коментираше ни објавите кои зборуваат за бегството на Груби при претресот од страна на МВР./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши