КОШАРКАСПОРТ

Tрагедија, pепрезентативец на Летонија пронајден мртов

Летонскиот кошаркар, Јанис Тима е пронајден мртов во хостел во Москва, пишуваат локалните медиуми. Тима е пронајден во хостел во руската престолнина, а според првите информации со кои располагаат медиумите се работи за самоубиство.

Advertisements

Тима играше во Русија во непрофесионална лига, за тимот наречен Аликсон. Поранешниот летонски репрезентативец на тој потег се одлучи на почетокот на оваа сезона.

Тима имаше 32 години, а во кариерата настапуваше за Рига, Лиепајас, Вентспилс, Зенит, а играше и во клубови од Евролигата како Химки, Басконија, Олимпијакос. Во подоцнежните фази од кариерата играше и за Дарушафака, но и за Умакао Гризес од Порторико, Обрадорио и Лејкленд Меџик кој е развоен тим на Орландо во НБА лигата.

За репрезентацијата на Летонија настапи на 56 натпревари со просек од 9,2 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button