ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,4 степени регистриран во Вануату, урнати се згради, а има и жртви

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во островската држава Вануату, во јужниот дел на Тихиот Океан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Advertisements

Земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време.

Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Порт Вила, главниот град на Вануату на длабочина од 28 километри.

Направена е голема материјална штета, вклучително и на објект во главниот град Порт Вила, во кој се наоѓа американската Амбасада, заедно со оние на Велика Британија, Франција и Нов Зеланд.

Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), два часа по овој земјотрес имало уште најмалку четири последователни потреси околу Порт Вила – со магнитуди од 4,7 до 5,5 степени.

Властите во Нов Зеланд и Австралија соопштија дека нема закана од цунами за нивните земји. Австралија, исто така, нагласи дека е „подготвена да го поддржи Вануату додека се проценува обемот на штетата“.

Вануату се наоѓа во сеизмички активно подрачје каде има чести големи земјотреси и други природни катастрофи.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button