ВЕСТИРЕГИОН

Земјотрес со јачина од 3 степени регистриран во Косово, почувствуван во Скопје и околината

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на граничната линија меѓу Северна Македонија, Косово и Србија, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Advertisements

Земјотресот се случил во 11:41 часот, а епицентарот бил на 5 километри југозападно од градот Гњилане во Косово и на 36 километри југоисточно од главниот град Приштина.

Земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје потврдија дека сеизмолошките станици претпладнево регистрирале земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала чиј епицентар се наоѓа на 36 километри северозападно од Скопје, на територијата на Косово

Оттаму велат дека земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button