ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вонредна контрола на Детска клиника, по смртта на седумесечното бебе

Вонредна контрола на Детска клиника, по смртта на седумесечното бебе

Санитарниот и здравствениот инспекторат врши вонреден увид по смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника. Бебето во тешка здравствена состојба, било донесено на Детската клиника, каде што починало. Од инспекторатот велат дека резултатите од увидот ќе бидат објавени утре.

Advertisements

Родителите пред неколку дена изјавија дека бебето и покрај лошата состојба било одбиено да се прими во болница, а било примено дури по 48 часа кога состојбата станала исклучително тешка. Од Министерството за здравство нагласија дека бебето починало како последица на сериозен синдром кој зафатил повеќе органи.Директорот на Инспекторатот Лазов рече дека вонредни контроли се вршат и во другите клиники од комплексот „Мајка Тереза“. Во меѓувреме, за низата забелешки за Детската клиника по извршениот увид пред 2 месеци директорот на Инспекторатот рече дека тие делумно се испочитувани.

Инспекторатот и претходно изрече глоба на Клиниката за детски болести по констатирани недостатоци, каде од вкупно 14 медицински практиканти кои ги исполнуваат условите за добивање привремена лиценца од Лекарската комора и факсимил за привремена работа, само двајца имаат привремена работна дозвола и не е поднесено ниту едно барање до министерот за здравство. Во ноќната смена во амбулантата работат лекари специјалисти без привремен факсимил за работа и лекари кои не го исполнуваат условот „постар специјализант“. Во извештајот е наведено и дека на Клиниката од 45 лекари специјализанти дежурaат само тројца, ниту еден во амбулантата на Клиниката, додека во амбулантата на Клиниката и прегледите во амбулантата ги вршат специјализанти, кои издаваат медицинска документација на име на дежурните лекари специјалисти, а понекогаш и документација без потпис и печат./Aлсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button