ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во тек полициска акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал

Во тек е нова полициска акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се извршени претреси на повеќе локации и дека во моментот се продолжува со дел од претресите.
Повеќе информации најавуваат по завршување на истрагата.
Дел од медиумите објавија дека се пронајдени автоматско оружје, пушки и пиштоли во Арачиново.
МИА