Дефект во Карпош – Од петок навечер дел од жителите на Скопје ќе останат без вода

Истовремено, од „Водовод и канализација“ информираат дека жителите на Чаир, Бутел, Радишан, Пластичарски улица до Американската амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда (висока зона), Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шуто Оризари, Топанско, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волкова и Орман, нема да имаат проблеми со водоснабдување.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, очекува санирањето на дефектот во Карпош, приклучен на главниот водоводен цевковод во Скопје, да заврши во рок од едно деноноќие. Во меѓувреме, министерот за екологија, Изет Меџити, рече дека доколку се јави потреба, Владата е подготвена да му помогне на градот Скопје и во овој случај, и покрај тоа што јавните претпријатија не се под нивна одговорност.
Затворањето на водата во главниот цевковод на градот се врши еднаш на педесет години, а последното е направено во 1991/1992 година за реализација на водоводниот приклучок во месноста Лепенец.
Мелихате Рустеми