МАКЕДОНИЈА
Справувањето со пожарите меѓу најсериозните предизвици за земјава

Справувањето со пожарите останува меѓу најсериозните предизвици за земјата. Време е да се преземат конкретни мерки за да се спречи повторување на овогодинешната состојба. Проблем останува недостигот на кадар и опрема. Предизвик е и недостигот на пилоти за противпожарните авиони.
„Испратив барање до Владата за прилагодување на статусот на пилотите бидејќи тоа е клучен проблем за кој нема интерес и мотивација, пилотите да се пријават и да бидат дел од Дирекцијата за заштита и спасување и добро е што помина на Генералниот колегиум на Владата и очекувам на владината седница да се реши позитивно“, рече Џеват Селами – Дирекција за заштита и спасување.