Игрите на среќа ги одведoa до бездна поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрам

Формирањето на четири комерцијални друштва за приредување игри на среќа Моцарт, Везув, 77 Битс и Новоматик во рамки на Државната лотарија од страна на Владата, ги доведоа до бездна вицепремиерот Артан Груби и директорот на Државната лотарија Перпарим Бајрами. Државна лотарија за нивни потреби испорача ВЛТ машини во вредност од 8,2 милиони евра иако тие немаа право да ги користат и поради оваа причина машините никогаш не беа ставени во употреба.
За формирањето на овие фирми предупреди Изет Меџити од Демократското движење.
„Артан веќе успешно го спроведува проектот за казино во секоја куќа, давајќи четири лиценци за онлајн казина каде што е партнер Перпарим Бајрами, сега добро позната личност која ги извршува наредбите на кланот“, рече Меџити.
Од 2013 година, според Законот за игри на среќа, Лотарија немаше право самостојно да приредува игри на среќа, бидејќи тоа право го дели со видео-лотарија Казинос Австрија каде државата е учесник со 51% од акциите, а Видеолотарија Казина Австрија 49.
Груби во неколку јавни настапи ја истакна потребата од рушење на монополот на Видеолотарија Казино Австрија, опишувајќи го како криминален монопол.
„Се работи за злосторничко здружување, заштита на криминалниот монопол и многу валкани пари од таа индустрија, кои одат во некои џебови. Ова се сериозни сомнежи. Убеден сум, не дека има сомнежи“, велеше Груби.
Груби призна дека новите фирми се формирани незаконски. Ниту автентичното толкување поднесено од пратеничката на ДУИ не било одобрено во Собранието, за да се отвори пат за формирање нови друштва.
„Една е темата за монопол, во ред, може да се дебатира, но не можете незаконски да влезете во формирање на четири друштва. Да, вие го велите…незаконски. Ние во Владата… Пак ќе ве прашам, ако нема потреба Рина Ајдари не би барала автентично толкување. Поради блокадата од Комисијата за финансирање и буџет. Добро, ама не е усвоен законот, ниту е одобрено автентичното толкување, а вие влегувате во формирањето… Законот е усвоен, но не е потпишан указот на претседателот. Значи исто како да не е усвоен. Да, но сега повторно ќе се гласа“, велеше Груби.
Колку Груби е запознаен со правилата и законските процедури за тендерите, најдобро говори одговорот на Груби, каде одржа предавање пред новинарите кои побараа детали за договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д.
„Ама госпоѓо… има процедура, треба да ги знаете процедурите. Се распишува тендер, нели? Се избира најдобрата понуда, потоа оди на административна контрола во Бирото за јавни набавки, па ако има поплаки оди до Државната комисија за јавни набавки и тоа е конечно. Доколку има друга претставка ја поднесуваат до Управниот суд, што во овој случај не постои. Тоа се процедурите во државата“, велеше Груби.
Груби се обиде да го регулира прашањето за онлајн коцкањето со дополнување на Законот за игри на среќа, но наиде на противење од три страни.
Прво, се спротивстави Здружението на обложувачници. Второ, против беа и партнерите од владејачката коалиција СДСМ, кои не го одобрија законот, а поддршка за Груби излезе само крилото на АА на Села. И трето, иако го донесоа како што го донесоа, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законот, а дури и прашањето за законот и штетата што законската измена ќе и нанесе на казино индустријата беше дел од дискусијата меѓу Пендаровски и австрискиот претседател при посетата на Скопје. На крајот, законот се врати на трето читање, но не ги доби потребните гласови за усвојување.
Со формирањето на Државната видеолотарија со одлука на Владата, Груби и неговата структура беа ставени во управните и надзорните одбори на новите акционерски друштва, да имаат целосен надзор и контрола врз организирањето и спроведувањето на онлајн коцкањето. Таму беа сместени познати имиња како што се пријателот на Груби, Омер Буњаку, членот на централното раководство на ДУИ, Артин Спахиу, шефот на кабинетот на Груби, Хавуше Лесковица, но и Хадије Хоџа, сопруга на наследникот на Артан Груби во Движењето (Разбуди се“).
Суад Бајрами