ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Магливо утро, сончево преку ден – од утре дожд и снег

Магливо утро, а преку ден ќе биде сончево со мала облачност, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови“, прогнозираат синоптичарите.
Утрото во Скопје ќе биде магливо, а преку ден сончево со мала облачност.

Advertisements

„Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени“, веелат од УХМР.
Од утре попладне, под влијание на циклонска активност ќе почне да врне дожд, а на планините и повисоките места снег.

Викендов ќе дува силен ветер, а врнежите наместо дожд, ќе преминат во снег. И следната недела се очекуваат нови врнежи, претежно од снеег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button