ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Вонредна состојба во Калифорнија поради интензивно ширење на птичји грип

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба поради закана од масовно ширење на вирусот на птичји грип, кој минатиот месец зафати повеќе од четвртина од сите фарми за млеко во државата, пренесува „The New York TImes“.

Advertisements

Според последните податоци, од вирусот се заразени 34 лица.

Американското Министерство за земјоделство објави дека до почетокот на неделава се регистрирани позитивни случаи во 649 фарми за млеко, од кои 313 биле пријавени во последните 30 дена, а околу 120 за само една недела.

Оваа ситуација предизвика сериозна загриженост кај властите и експертите поради брзото ширење на вирусот.

Воведувањето вонредна состојба во овој контекст му овозможува на гувернерот на државата да стекне поголеми овластувања во управувањето со кризи, вклучително и зголемување на сумата на пари што може да се потроши за итни мерки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button