ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил напиша дека имал чест да учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собрале истакнати лидери, претставници на партии и клучни носители на одлуки од цела Европа.

Advertisements

– Самитот беше платформа за размена на мислења и идеи за иднината на Европа, особено ме радува фактот што Македонија останува дел од овие стратешки разговори и партнерства. Нашето активно учество на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на нашата земја во европскиот контекст и за придонес кон заедничката визија за стабилна и просперитетна Европа, напиша Мицкоски.

Разговорите и дебатите на Самитот, објави тој, биле значајни за насочување на идните политики, а уште поважно, за градење мостови на соработка со европските партнери.

Претходно, Мицкоски на фејсбук напиша дека е уверен дека ваквите средби се од голема важност за понатамошниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button