ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин на водоснабдувањето во делови на Скопје

Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел од Скопје утре по 22 часот ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод.

Advertisements

Во дел од маркетите што ги посети МИА, рафтовите со вода, особено тубите над 5 литри, се празнеа.

-Како што ги редиме, ги земаат, рече една од продавачките.

И угостителите се подготвуваат за најавениот прекин на водоснабдувањето обезбедувајќи резерви, а некои од нив би можеле и воопшто да не работат. Велат дека доколку прекинот со вода трае два – три дена или повеќе, тие ќе имаат големи штети.

Од скопски Водовод денеска добивме ист одговор дека прекинот на вода во Скопје ќе биде утре по 22:00 часот, сѐ до санирање на дефектот.

Прекинот на вода нема да ги опфати Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

– Останатите корисиници од Скопје ќе бидат без вода, посочуваат од претпријатието.

За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.

Како што појаснија, станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод од десната страна на реката Вардар, почнувајќи од СП – трговскиот во Ѓорче Петров, Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, сè до Зелениково и Студеничани.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button