Скопското Кале ќе биде отворено за посетители во текот на летото

Проектот за ископување во струшкото село Корошиште, каде што беа пронајдени артефакти, е затворен за оваа година, додека во буџетот за 2025 година според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е предвиден да продолжи.
Љутков денеска зборуваше и за скопското кале што, според него, почетокот на летото ќе биде отворен за посетители заедно со музеите.
Во однос на заштитата на културното наследство, од Управата за заштита на културното наследство велат дека со инсталирање на Софтвер ќе се овозможи поефикасно управување и заштита на културното наследство.
Честова додаде дека софтверот ќе биде во функција и ќе биде од голема корист за другите државни институции и приватни компании чии активности се поврзани со заштитата на културното наследство, а ќе можат да го користат општините.
Авни Тахири