ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судир меѓу ДУИ и ВЛЕН за бегалецот Артан Груби

Судир меѓу ДУИ и ВЛЕН за бегалецот Артан Груби

Демократската унија за интеграција се сомнева во селективна правда од страна на органите на земјата кон луѓето кои се вклучени во Црната листа на Соединетите Американски Држави. Реакцијата доаѓа по истрагата за Артан Груби во врска со злоупотребата на Државната лотарија вредна повеќе од 8 милиони евра, за примање мито, со цел да се спаси поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. ДУИ прави паралела со случајот со поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, кој пред една година беше ставен на Црна листа, иако, како што велат од ДУИ, тој слободно се занимава со бизнис.

Advertisements

„Најјасен пример за нецелосна правда е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, кој иако е на црната листа, продолжи да ги развива своите бизниси „подобро од кога било“. Ако институциите се посветени на правдата, тогаш и таа треба да биде дел од овој процес, бидејќи селективната правда создава впечаток на политички лов и етничка надмоќ. ДУИ бара еднаков и транспарентен процес“, велат од Демократска унија за интеграција.

Реакцијата на опозициската ДУИ, владината коалиција ВЛЕН ја нарекува срамна и релативизам на вината. Според ВЛЕН, ДУИ веќе не е партија на Албанците, туку на срамот што корупцијата ја претвори во идеологија, а злоупотребата на власта во мисија.

„Наместо да се извинат, немаат срам и продолжуваат да се правдаат во стилот: „Не сме само ние, и другите краделе! И други се на американската црни листи!“ Ова е крајот на нивниот морал, тие ја прифаќаат вината, но се обидуваат да ја релативизираат и да ја споделат со другите!“. Вистината е следна: ДУИ е единствената албанска партија на американската црна листа. Нејзините функционери се единствените обвинети за висока корупција, уништување на судството и соработка со антиамериканските кругови“, велат од Коалиција ВЛЕН.

Вицепремиерот Изет Меџити претходно за Алсат изјави дека ДУИ се соочува со ситуација во која членовите се ставени на црна листа наликувајќи на режимот на Груевски кој се мешаше во судството, корупција, но и со бегство од државата. Од друга страна, организацискиот секретар на ДУИ Блерим Беџети се огради од Груби велејќи дека тој не е дел од ДУИ и го повика да се врати и да се соочи со правдата./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button