ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Додека граѓаните се жалат на вештачки поскапувања пред да стапи на сила „Новогодишната кошничка“, надлежните демантираат дека имало манипулации.

Додека граѓаните се жалат на вештачки поскапувања пред да стапи на сила „Новогодишната кошничка“, надлежните демантираат дека имало манипулации.

Државниот пазарен инспекторат констатирал само неколку неправилности во однос на непочитување на владината мерка „Новогодишна кошничка“.

Advertisements

Во однос на поплаките на граѓаните за вештачкото поскапување на производите, на само неколку дена пред стапувањето на сила на акцијата „Новогодишна кошничка“, инспекторатот не коментира. Ниту министерот за економија не верува дека има вакви ценовни манипулации, бидејќи, како што рече, иницијатори на оваа акција биле самите трговци, производители и дистрибутери.

„Верувам дека нема такви манипулации, бидејќи самите трговци, производители и дистрибутери беа иницијатори, тие самите ги предложија овие производи и не гледам причина зошто да има манипулации. Но, врз основа на законот и врз основа на надлежностите што ги има Државниот пазарен инспекторат, ќе постапи за таква манипулација, но не верувам дека има“, рече Бесар Дурмиши, министер за економија.

Во „Новогодишната кошничка“ се вклучени 95 трговци, 42 синџири на маркети и над 1100 производи. Кошничките производи од 15 декември до 15 јануари ќе се продаваат по минимум 10 отсто поевтини цени. Надлежните повикуваат на почитување на мерката, а истовремено ги повикуваат граѓаните да пријават евентуални неправилности./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button