ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се повлекува од собраниска процедура предлог законот за средно образование

Се повлекува од собраниска процедура предлог законот за средно образование

Министерството за образование го повлече предлог-законот за средно образование, кој предвидуваше интонирање на државната химна на секој почеток и крај на учебната година, како и за време на прославата на патронатот на училиштето. Повлекувањето на овој предлог/закон беше поздравено од пратениците на Европскиот фронт, иако имаа подготвено амандмани за ова.

Advertisements

„Работите треба да се градат од основата, а не од покривот. И верувам дека и вие разбравте, се отрезнивте како министерство и како влада, и го повлековте од дневниот ред, иако бевме подготвени со амандмани да интервенираме. Сепак, подобро е вака и нареден пат сите можеме заедно да разговараме за работи кои се од значење“, рече Илире Даути – пратеник на Европскиот фронт.

За повлекувањето на предлогот/законот, пратеникот Халил Снопче вели дека заслугите се на пратениците на коалицијата Вреди, по поднесувањето на амандманите.

„Значи ова е јасна порака на пратениците на ВРЕДИ и кога ги поднесовме амандманите, Министерството за образование всушност ја сфати пораката и го повлече овој закон. Пратениците на ВРЕДИ докажаа дека се единствените гаранти на интересите на Албанците и ние ги штитиме институционално“, рече Халил Снопче – пратеник на ВРЕДИ.

Најнесреќна во овој случај беше министерката за образование, Весна Јаневска. Иако самата го повлече законот, таа вели дека нема да дозволи да биде злоупотребен од ДУИ, која, според министерката, се обидува да добие политички поени. Таа повтори дека симболите на државата треба да се почитуваат од сите.

Дебатата продолжи за предлог-законите за образованието на возрасните, за стручното образование и обука, како и за законот за основно образование. Поднесени се амандмани на сите три закони, а како што најавија пратениците на албанските партии, најспорен е членот каде што е предвидено директорите на училиштата да положат испит по македонски јазик. Предл/законите, кога доаѓаат на пленарна седница, се гласаат со двојно мнозинство./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button