СПОРТФУДБАЛ

Барселона има ново решение за регистрацијата на Дани Олмо

Каталонскиот гигант Барселона има проблеми со регистрацијата на Дани Олмо, а раководството на тимот е свесно дека мора да продадат некој од фудбалерите за да го решат проблемот.

Advertisements

Олмо пристигна во Барселона пред почетокот на сезоната за 60 милиони евра, но каталонскиот тим веднаш се соочи со проблеми. Среќа во несреќа за Олмо беше повредата на Кристенсен, па тоа ја отвори вратата на Барселона да го регистрира Шпанецот.

Меѓутоа таа регистрација важеше само до крајот на годината и од јануари Олмо нема право да игра за Барселона. Барселона бара ново решение, а едно од нив е да го „жртвува“ Ерик Гарсија и да го продаде за 25 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button