МВР трага по Артан Груби кој најверојатно е пребегнат во Албанија
МВР трага по Артан Груби кој најверојатно е пребегнат во Албанија

Се уште нема официјални информации каде се наоѓа поранешниот вицепремиер , Артан Груби, кој ја напушти државата преку граничниот премин Блаце на 15 декември. Вицепремиерот Изет Меџити, на телевизиски настап изјави дека има информации дека Груби се наоѓа во Албанија. Меџити рече дека борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна и никој не може да биде над законот.
“Сега има многу информации, но важно е дека политиката даде порака дека никој не е над законот. Секој што ќе го прекрши законот мора да одговара. Борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна, додека останатото зависи од Министерството за внатрешни работи и правосудните органи за справување со ова прашање”, рече Изет Меџити –вицепремиер.
Меџити не сакаше да ги коментира барањата на адвокатот на Груби, поранешниот вицепремиер да се врати, но не во притвор во Шутка. Во меѓувреме, Меџити ги нарекува шпекулации тврдењата на СДСМ дека бегството на Груби е направено во договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
„Нема да го коментирам ова. Тоа е шпекулативно прашање, но важно е дека се враќа правната држава, дека мириси на држава„, додаде Изет Меџити –вицепремиер .
Освен Груби, во земјата подолго време го нема Перпарим Бајрами, главниот осомничен за злоупотреби во Државната лотарија. Во истрагата се вклучени и уште четири лица од Секторот за јавни набавки во Државна лотарија, кои останаа без пасоши./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу