Вреди: Груби да се врати и да не ја оцрнува Албанија
Вреди: Груби да се врати и да не ја оцрнува Албанија

Артан Груби се наоѓа во Албанија, тврдат од коалицијата ВЛЕН. Тие го повикуваат Груби да се врати во земјата и да се соочи со правдата и да не ја злоупотребува Албанија како рај што ги собира корумпираните.
„Груби се наоѓа во Албанија, а не во Косово како што се алудираше.Ако се одлучил да го продолжи животот како „качак“, да ги избира земјите. Во никој случај не треба да остане во Албанија, оваа држава за Албанците има посебна вредност и тежина, сега не треба да се доживува како засолниште за корумпираните. Ако споделивте сè со Али Ахмети, споделете ги овие црни денови за вас, вие ја делите вината, не ги трпи сам последиците.Упатуваме сериозен апел, вратете се иако крајот беше таков, но барем дозволи еден нормален крај после горчлива дејност„, велат од ВРЕДИ.
Во меѓувреме, СДСМ се сомнева дека заминувањето на Груби од земјата е направено во координација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тие бараат оставка од Тошковски.
„Владата му дозволи на Груби слободно да ја премине границата, за што постојат основани сомневања дека станува збор за договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ. Границата на Косово стана „решето“ за бегство на криминалците. Владините службеници, наместо да лицитираат , треба да сносат одговорност. За заминувањето на Груби, односно неговото пуштање надвор од границите на земјата, Тошковски досега требаше да поднесе оставка„, велат од СДСМ.
Но, за ВМРО-ДПМНЕ е апсурдно тоа што СДСМ бара одговорност за Груби, бидејќи, како што велат, додека владееле заедно со него, никогаш не го кренале гласот против него.
Од друга страна, ДУИ продолжува да инсистира на законот за рестриктивни мерки што го предложија пред една година додека беа на власт.
„Ниту една политичка партија не може да биде колективно одговорна за постапките на одредени поединци, туку сите ние сме одговорни за политиките што ги усвојуваме и за зајакнување на владеењето на правото. Затоа, ДУИ отворено ги предизвикува ВМРО-ДПМНЕ и нејзините партнери да го вратат законот за рестриктивни мерки и да го усвојат без одлагање„, велат од ДУИ.
Овој закон предвидуваше да се спроведат рестриктивни мерки против лицата на црната листа на САД и во Северна Македонија. Врз основа на тогашниот предлог, беше предвидено службените лица, доколку се на функција привремено да бидат разрешени, да им се забрани учество на тендери, како и да им се конфискува незаконски стекнатиот имот. Но, овој предлог-закон не беше разгледан во Собранието./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу