По уништувањето на терористичката организација, безбедносните експерти велат дека никој не може да даде гаранција дека опасноста од ваквите групи е избегната

По уништувањето на терористичката организација како што ја опиша МВР акцијата пред неколку дена во регионот на Струга и Гостивар, безбедносните експерти велат дека никој не може да даде гаранција дека опасноста од ваквите групи е избегната. Уништената организација функционирала по идеологијата на ИСИС.
Во исламските земји, од Македонија заминале 155 лица. Од нив, 39 се убиени, 102 се вратени, а четири лица останале таму. Од повратниците, за 76 од нив постои третман за нивна реинтеграција во општеството, за некои успешна, за други не. Проблем останува посебниот третман на затворениците, кои се 11 лица.
Важна улога имаат и верските заедници во Македонија. Националниот комитет за управување со насилен екстремизам и борба против тероризам е составен од 22 институции, меѓу кои и Министерството за внатрешни работи, АНБ, Агенцијата за разузнавање и други. Сите овие соработуваат со сите балкански земји, но и со моќните тајни служби, кои имаат повеќе информации.
Пред неколку дена беа уапсени четири лица. 21-годишен маж од Гостивар ја создал и координирал терористичката организација. Организацијата оперирала по идеологијата на ИСИС и имала за цел да изврши терористички акти врз цивили во јавни објекти во Македонија.
Зекирија Хаџиу