СПОРТ

Масар Омерагиќ, нов претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ, нов претседател на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија од денеска ќе ја предводи Масар Омерагиќ, кој едногласно беше избран од делегатите во вонредното собрание на ФФМ, на кое бепе констатирана оставката на Муамед Сејдини. Новозибраниот прв човек на ФФМ во својот говор, покрај новите измени, вети и примена на „ВАР“ системот во Првата фудбалска лига од следната сезона.

Advertisements

Првиот човек на домашниот фудбал, со одобрение на Управниот совет, одлучи да го именува Горан Пандев, за нов спортски директор на репрезентацијата на Северна Македонија додека Марјан Стојкоски, нов потпретседател на ФФМ. За советници беа именувани Илија Најдоски и Агим Ибраими.

Во меѓувреме, поранешниот прв човек на ФФМ, Муамед Сејдини зборуваше за досегашните успеси и му честиташе на неговиот наследник.

„Посакувам во иднина да имаме уште поголеми успеси за нашиот фудбал да продолжи да биде гордост за сите нас. На мојот наследник му посакувам добра работа и многу успеси на неговиот пат“, рече Муамед Сејдини, поранешен претседател на ФФМ.

Сејдини ја напушти ФФМ по околу 7 години. Пред неговата оставка на 17 ноември годинава имаше бројни критики за злоупотреби. Против него беа упатени бројни обвинувања за приватизација на федерацијата, а заминаа и неколку спонзори, додека проектите на УЕФА кои требаше да се завршат според планираниот план за помошни стадиони во различни градови останаа суспендирани./Алсат.мк

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button