Нелегално е да се продаваат петарди на малолетни деца
Нелегално е да се продаваат петарди на малолетни деца

Со убави, но опасни бои, привлечни за деца кои не се информирани како треба да се користат. Петардите, огнометот и други пиротехнички алатки оставаат траги и последици по здравјето на луѓето, особено за време на новогодишните празници кога најмногу се користат.
„Ова има осум пукотници и кај нас на легален начин чини околу 600 денари. Не им продавате на децата? Не, не, нема шанси ако му продадам на моето дете тогаш и на другите„, рече Нехат Точи – сопственик на бизнис.
Кај нас има два начина на продажба, незаконскиот, кој не ги познава правилата и се случува да им се продават на тинејџери кои не знаат да ги користат но има и легален начин на купување со лична карта и информации како се користат.
„Во секој од овие пакети, упатствата се напишани на англиски, македонски и албански јазик. Имаме Ф1 категорија за свадби. Ф2 може да го користат луѓе над 16 години и трета категорија кои треба ние да ги запалиме. Имаме свој персонал кој оди. Значи не е дозволено да се користи од луѓето кои го купуваат. Ова не е дозволено бидејќи е трета категорија, ние ги регистрираме и ја известуваме полицијата во кое време и каде ќе бидат запалени. Полицијата мора да биде информирана„, рече Нехат Точи – сопственик на бизнис.
Начинот на нелегална продажба на пиротехнички средства, ги оштетува и бизнисите кои плаќаат даноци и легално продаваат.
„Каква би била државната помош за продавниците што продаваат легално? Да ги запираат тие што продаваат нелегално. Тие не ни штетат нам, туку на народот. Идат и ги земаат деца и може нешто да се случи, мислам на пример да е мое мое дете и нешто да му се случи…значи не е добро. Додека ние не продаваме на деца кои сакаат да купат без родители“, додаде Нехат Точи – сопственик на бизнис.
Со закон е забранета употребата, продажбата и производството на пиротехнички средства кај нас. Казните за корисниците одат и до 500 евра, додека за дивите продавачи има и затворска казна од три до десет години./Алсат.мк
Авни Тахири