Властите не размислуваат за забрана на ТИК-ТОК
Властите не размислуваат за забрана на ТИК-ТОК

Релевантните институции во земјава не размислуваат за делумна или целосна забрана на Тик-Ток и покрај штетните последици од оваа платформа. Пред извесно време министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата не планира такво нешто, но потсети дека ќе се испитуваат различни начини на едукација на родителите и децата.
Во меѓувреме, социолозите и психолозите постојано апелираат до родителите да ги контролираат своите деца кога станува збор за користењето на социјалните мрежи, особено на Тик-Ток. Хатиџе Сефа вели дека означувањето или споделувањето видеа на социјалните мрежи ќе остане незалечена рана на одредена личност која подоцна може да заврши со сериозни психолошки проблеми.
„На физичките повреди секако им е потребен третман, но овде повторно ќе кажам дека физичките повреди оставаат помали траги во споредба со психичките повреди што може да ги добие детето во тоа време. Траумата или ниската самодоверба или анксиозноста што може да ги претрпат потоа се уште посериозни и што можеби ги носат во текот на живот како етикета на неговата личност. Затоа што тие потсмевања, тие навреди се лузни што не се лекуваат лесно“, рече Хатиџе Сефа, психолог.
Албанија ја затвори апликацијата Тик-Ток во училиштата по кобниот инцидент кога врсник уби 14-годишник. Премиерот Еди Рама рече дека 90 отсто од родителите се согласиле на затворање според анкетата спроведена однапред од Министерството за образование./Алсат.мк
Мелихате Рустеми