
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Карипското Море, јужно од кубанската провинција Сантијаго де Куба, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил еден час по полноќ, по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 37 километри јужно од градот Гуиса и на 53 километри југоисточно од градот Бајамо на длабочина од 22 километри.