ВЕСТИСВЕТ

Уапсен маж што се заканувал дека ќе изврши напади на божиќен базар во германскиот град Бремерхавен

Германската полиција уапсила маж што на Тик-ток се заканувал дека ќе изврши злосторства за време на божиќниот базар во пристанишниот град Бремерхавен.

Advertisements

Според пишувањата на германскиот медиум „Билд“, мажот со нож се заканувал дека ќе го избоде секој што изгледа арапски велејќи дека тоа не е шега.

Откако видеото се раширило на социјалната мрежа, мажот бил приведен, а од полицијата соопштиле оти нема никаква опасност за населението.

Оваа вест доаѓа откако 50-годишен маж во петокот влета со автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет лица, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а рани 200 други.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button