Охрид преполн за Нова Година, со изгор цени
Охрид преполн за Нова Година, со изгор цени

Изгор цени за сместување во Охрид за престојните новогодишни празници. Според она што може да се види на специјализираните страни за резeрвации за туристички патувања, цените се движат од 100 до 520 евра, за две вечери за двајца возрасни, во зависност од понудата и местоположбата на објектот. Во Струга цените се поевтини во однос на оние во Охрид. Но од хотелската асоцијација велат дека цените за еднодневен аранжман се движат од 70 до 100 евра со вклучен појадок.
„Реалната цена за новогодишната вечер зависи од категоријата на хотелот или ресторанот и се движи од 30 евра до 60 евра и може да се добие одлична забава. Во зависност од категоријата на хотелите од 3 и 4 звезди, може да се најдат аранжмани од 220 до 280 евра, дводневен и тродневен“, рече Љупчо Цветаноски-менаџер на хотел.
Но и покрај се исполнетоста се движи од 70 до 100 % на хотелските објекти, а место повеќе се бара и во приватните сместувачки капацитети. Тоа значи дека се очекува одлична посетеност. Најбројни ќе бидат гостите од Бугарија, Србија, Албанија и Црна Гора.
„Туристичката сезона оваа година беше многу успешна и резултатите од тековното функционирање на сите сместувачки капацитети во Охрид си го донесе своето, новогодишните празниици да бидат многу порано распродадени“, рече Љупчо Цветаноски-менаџер на хотел.
Туристичките работници советуваат, општинските власти по примерот на туристичките дестинации од соседството, многу порано да знаат кој ќе ги забавува гостите на градскиот плоштад, за да можат агенциите истото тоа да го вметнат во своите понуди.
„Тоа се повторува веќе деценија.За жал има овде доста недоследности, со оглед дека резервациите за Нова година се веќе направени некои во мај, некои во август или септември. Во приватното сместување се бара легло повеќе, не соба, што значи дека преполн ќе биде Охрид и затоа сметам дека требаше порано да се излезе со понудите, како за дочек во рестораните, така за дочекот и на плоштад“, додаде Владо Суклоски-туристички работник.
Општината дури во петокот на 19 декември ги објави имињата кои ќе ги забавуваат охриѓани и гостите. Станува збор за домашни изведувачи. Во Струга пак нема да има организиран дочек на отворено.Охрид и Струга, особено Охрид и за Нова година ќе нудат цени на услугите како во европските метрополи. Едно кафе се продава од 100 до 180 денари, пица од 400 до 500 денари, сок од 120 до 180 денари, пиво од 140 до 250 денари,а бургер од 290 до 450 денари./Алсат.мк
Мики Трајковки