ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ ја потсетува Влен на ветувањата

ДУИ ја потсетува Влен на ветувањата

Демократската унија за интеграција ја потсетува коалицијата ВЛЕН на нивното ветување дека доколку евроинтеграциите не се откочат по шест месеци, ќе го преиспитаат учеството во владата. Со неодржувањето на ветувањата, ВЛЕН ја изневери довербата на Албанците, велат од ДУИ.

Advertisements

„Шест месеци подоцна, евроинтеграциите остануваат блокирани, додека Албанците продолжуваат да се залажуваат со илузии и празни зборови. Без конкретен напредок, без храбра акција, само молк и изговори од партија која целокупното политичко постоење го изгради на манипулации и измами“, рече Рина Ајдари – пратеничка на ДУИ.

Дополнително, од ДУИ ја потсетуваат коалицијата ВЛЕН дека по укинувањето на балансерот најавувале предлог закон за правична и соодветна застапеност. Од ВЛЕН велат дека законот е во подготовка.

„Во моментов за законот е формирана комисија во Владата и се работи на овој закон кој е многу важен. Немам никакви информации кога ќе биде готов бидејќи во моментов експертите работат додека да се усогласи законот како што треба„, додаде Сафије Садики Шахини – ВЛЕН.

Во составувањето на новиот закон за правична и соодветна застапеност, учествуваат групи експерти од политичките партии кои се дел од Владата, кои даваат свои предлози. Неговото усогласување и поднесување во собраниска процедура е најавено на почетокот на јануари, а ќе го замени механизмот „Балансер“ кој го регулираше начинот на вработување во јавната администрација и гарантираше еднакво застапени сите етникуми./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button