ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кузеска: Животот во Македонија станува прескап

Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок. Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62 861 денар, што е зголемување за 840 денари во споредба со претходниот месец, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Advertisements

„Ова значи дека веќе ниту две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните потреби на луѓето. Граѓаните немаат никаква корист од мерките на власта. Кошничките се измама и манипулација. Власта им дозволи на трговците да се богатат на грбот на народот. Со ДПМНЕ на власт, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, осиромашуваат и секој месец се борат да го преживеат“, посочи Кузеска.

Таа оцени дека премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, потфрлиле во најважниот сегмент – економијата и животниот стандард на граѓаните.

„Наместо да работат за подобрување на животот на граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ одбиваат да прифатат зголемување на минималната плата и го отфрлаат предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храна. Ова е уште еден доказ за погрешните и штетни политики на ДПМНЕ и ароганцијата на нивното раководство. Наместо да ја подобрат состојбата, тие директно ги загрозуваат стандардот на граѓаните“, рече портпаролката на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button