СВЕТ
Голем пожар во зграда во близина на железничката станица Сен Лазар во Париз

Во Париз утринава избувна голем пожар во зграда во близина на железничката станица Сен Лазар, изјавија официјални лица за BFMTV.
Тие изјавија дека пожарот избувнал на последниот кат од зградата во 8-ми арондисман. Пожарникарите соопштија дека го гаснат пожарот на покривот на зградата и дека се ангажирани 80 пожарникари со 20 возила.