Мисајловски: Модернизацијата на Армијата е приоритет

Модернизација и опремување на Aрмијата, обезбеден услов од два процента од Буџетот за одбраната, како и зголемување на стандардот на вработените се трите столба кои се приоритет на Министерството за одбрана и АРМ информираше на денешнио брифинг со новинарите, ресорниот министер Владо Мисајловски.
„Во однос на буџетот би сакал да информирам и да истакнам дека условот за минимум два процента наменет за одбраната е испочитуван. Гледано во пари тој изнесува 329 милиони евра, од кои 32 процента, односно 106 милиони евра се наменети за модернизација и опремување на Армијата. Гледано во однос на 2024 година тоа се 18 милиони евра повеќе“, истакна Мисајловски.
Модернизацијата и опремувањето, како што истакна министерот е процес, кој се реализира согласно плановите на Армијата. Испораката на сите 96 „ЈЛТВ“ возила и возилата „страјкер“ треба да заврши до крајот на годината, а исто така до крајот на 2025 треба да пристигнат и нарачаните системи „Боран“ и „Мистрал“.
Тој појасни дека во делот на модернизација влегуваат и осум хеликоптери.