ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали отворањето на градинката во Арачиново е заложник на политички пресметки?

Дали отворањето на градинката во Арачиново е заложник на политички пресметки?

Градинката во Липково, особено онаа во Арачиново, нема да почне со работа додека градоначалникот на општината Ибрахими, јавно не му се извини на министерот за социјална политика, Лимани бидејќи го нарекол нелегитимен. Лимани рече дека нелегитимноста и потпишувањето согласности за работа во овие градинки не одат заедно и се две различни работи.

Advertisements

„Двајцата градоначалници на општините, а особено градоначалникот на општина Арачиново, ќе мора јавно да се извини за делот од прогласувањето дека сум нелегитимен министер. Во моментот кога ќе утврди дали сум легитимен или не, тогаш кога ќе се увери дека сум легитимен во исто време и мојот потпис ќе биде легитимен, и двете не одат заедно, мојата нелегитимност и мојот легитимитет како потпис. Сите деца не се на Ридван Ибрахими, дали се од различни семејства? Треба да биде свесен и дека е јавна личност и го застапува општиот и колективниот интерес“, рече Фатмир Лимани, министер за социјална политика.

Првиот човек на Арачиново, вели дека во овој случај извинување треба да им се упати на жителите на Арачиново, децата и Светската банка која го финансирала овој проект. Ибрахими рече дека надлежните институции имаат должност да бидат на услуга на барањата на граѓаните за различни прашања, како што е во овој случај работењето на градинките.

„Мислам дека заедно треба да им се извиниме на Светска банка, на граѓаните на општината и на децата кои се свети, дека Господ ни ги довери да се грижиме за нив, да работиме за нив, да им нудиме поквалитетни услуги, подобро што ние како генерација во минатото ги немавме овие можности. Денес, кога ги има овие можности и не се користат, мислам дека не е во ред. Го молам министерот да не се занимава со овие изјави, да го продолжи образовниот процес“, рече Ридван Ибрахими, градоначалник на општина Арачиново.

Во градинката во Арачиново се очекува да бидат сместени 115 деца и покрај тоа што листата на деца ја надминува оваа бројка. Исто така, во градинката во Липково се очекува да бидат сместени 115 деца поделени во 6 групи. Градоначалниците на двете општини Арачиново и Липково вчера истакнаа дека се соочени со бирократски процедури кога станува збор за ставање во функција на овие објекти. Нефункционирањето на градинките ги револтираше и жителите од овие општини кои оценуваат дека на овие населени места им требаат повеќе вакви објекти со оглед на големиот број жители./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button