Мицкоски не очекува некоја од земјите од соседството да му даде политички азил на Груби
Мицкоски не очекува некоја од земјите од соседството да му даде политички азил на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поранешниот вицепремиер Артан Груби во бегство да добие политички азил во некоја од државите од регионот, бидејќи откако се најде на црната листа, вели дека е јасно дека Груби е осомничен за криминални дела. Според Мицкоски, процесот против Груби нема политичка позадина.
Опозицијата повторно го впери прстот кон владејачката партија, нагласувајќи дека Груби избегал со помош на ВМРО-ДПМНЕ.
Артан Груби ја напушти државата на 15 декември и надлежните се уште не соопштуваат дали имаат информации каде се наоѓа. Груби е второосомничен за злоупотреби во Државна лотарија. Покрај Груби, во овој случај е вмешан и поранешниот директор на Лотаријата, Перпарим Бајрами, кој исто така е во бегство.
Една недела пред обвинението на Обвинителството, Груби заедно со апелациониот судија Енвер Беџети беа ставени на американската црна листа поради сомневање дека го спасиле Сашо Мијалков од затвор во замена за поткуп.
ДУИ ја враќа меморијата велејќи дека токму тие го предложиле законот за рестриктивни мерки, за автоматски истраги во земјава, против лица кои се на американската црна листа. Премиерот дефинитивно ја отфрли можноста за носење ваков закон./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши