ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци

Поради врнежи од снег, денеска од 10 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец село Узем – Граничен премин Деве Баир, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Advertisements

АМСМ информира дека поради обилни врнежи од снег од 9:55 часот на патот Крива Паланка кон Деве Баир е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила.

Од 9:15 часот на патниот правец Битола – Ресен кај превој „Ѓавато“ и обратно, престанува забраната за одвивање на сообраќај за тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button