ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Давкова: Единствено можно решение е уставни измени со одложено дејство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот, истакна дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и оти тоа би било вин решение и за Бугарија, зашто, како што посочи, би го остварила своето барање, а подоцна би ни помагала во евроинтеграциите. Претседателката повика на обединување во однос на евроинтеграциите и на консензус меѓу власта и опозициата околу заедничките државни интереси.

Advertisements

-Предложивме излезно решение дури и за едно нерационално барање. Со креативно интерпретирање на Преговарачката рамка, односно Заклучоците, сметаме дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите, што веќе неколкупати сме го примениле. Во случајов, vacatio legis би се врзал, односно амандманот би стапил во сила по завршувањето на нашите преговори и ратификацијата на Договорот за нашето членство во ЕУ. Ова би било вин решение за Бугарија зашто би го остварила своето барање, ама подоцна, а во меѓувреме, би ни помагала во евроинтеграциите, во духот на Преамбулата на договорот за добрососедство и пријателство, свесна дека колку побрзо ќе завршат нашите преговори, толку побрзо таа ќе дојде до целта. За нас, вин би била можноста да се занимаваме со европски реформи, наместо со балкански пречки и ние би брзале да ги завршиме преговорите. За двете држави вин-вин би било засиленото пријателство и докажаното добрососедство, нагласи Сиљановска Давкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button