МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Криминалот во Лотарија поголем од 8 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека криминалот во Државната лотарија во која се осомничени поранешниот директор Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби е многу поголем од 8 милиони евра. Мицкоски одби да ги коментира гласините дека парите од криминал се инвестирани во криптовалути.

Advertisements

За евентуалното инвестирање во криптовалути, дури и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за Алсат го избегна одговорот. Тој рече дека се истражуваат сите видови на криминал, а за ова се вклучени институции почнувајќи од Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Царината, ДАП и Министерството за внатрешни работи.

Тошковски, потврди дека има информации дека со парите од Лотарија се купени имоти внатре и надвор од Северна Македонија.

Тошковски сподели и детали за бегството на Груби. Според него, граничната полиција направила кардинална грешка што не провериле дека Груби е на Стоп-листата.

Министерот Тошковски рече дека нема официјални информации од ниту една соседна земја или Интерпол за тоа каде се наоѓа Груби, иако се во постојан контакт со државите од регионот. Запрашан да ја коментар околу тоа доколку Груби евентуално има албанско државјанство и тоа би претставувало проблем за негово екстрадиција, Тошковски рече дека доколку тој е на негово место, нема да биде многу среќен и сигурен, особено поради тоа што Груби е сместен на црната листа на САД.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button