МАКЕДОНИЈА
ВРЕДИ до Села: Одвои се од партијата “нон грата“

ВРЕДИ реагираше на обвинувањата на Зиадин Села. Албанските партии од власта велат дека е бесмислено да се бара ветинг под логото на партијата што го носи американскиот печат на влијание врз судството.
„Дека Зиjадин Села потонал под влијание на чадот од цигарите на Али Ахмети е неспорно, но ние како ВРЕДИ нема да дозволиме обиди за манипулирање со граѓаните на ваков начин. Судството не се дели, одвојува со Муса Џафери и Блерим Беџети. Но, за жал, ти си фатен од нив. Затоа, прво одвои се од партијата „нон грата“ и потоа секој твој повик ќе има значење и важност“, се вели во реакцијата на ВРЕДИ.