СПОРТФУДБАЛ

Вирџил ван Дајк наскоро ќе го продолжи договорот со Ливерпул

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Вирџил ван Дајк наскоро ќе го продолжи договорот со својот клуб, тврдат англиските медиуми.Според нив, се е веќе договорено и останува само да се стави потпис.

Advertisements

Ван Дајк ќе потпише договор до 2028 година што значи дека ќе комплетира една деценија на Енфилд имајќи предвид дека во Ливерпул дојде во 2018 од Саутемптон.

Многу веројатно по истекот на договорот, Ван Дајк ќе замине во пензија, бидејќи тогаш би имал 37 години. Од своето доаѓање во Ливерпул, холандскиот репрезентативец освои вкупно осум трофеи од кои по еден во англиското првенство и Лигата на Шампионите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button