ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лицата со попреченост сѐ уште наидуваат на пречки при остварување на нивните права

Над 50 проценти од лицата со попреченост во анкета спроведена во рамки на проектот „Алијанса по прашањето хендикеп за развојни и инклузивни реформи во регионот“ се изјасниле дека нема соодветни рампи за пристап, а над 60 проценти изјавиле дека нема паркинг простор за лицата со попреченост.

Advertisements

Податоците од анкетата покажуваат дека 77 проценти од испитаниците кажале дека наидуваат на непристапни ходници, а 75 проценти дека нема тактилни патеки и пристапен тоалет.

Во однос на остварувањето на правото на пристапност во здравството, податоците покажуваат дека 76 проценти од испитаниците со попреченост користат придружник при посета на здравствените установи, а само 42 проценти од лицата со физичка и 43 проценти од лицата со интелектуална попреченост одат сами во здравствените установи. Педесет и шест отсто од испитаниците со попреченост велат дека немаат пристап до соодветни или разбирливи информации во здравствените установи.

Учесниците на дебатата, што ја организираше Организацијата на лица со попреченост „Полио плус“ за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и нејзина хармонизација со македонското законодавство, се согласија дека недостигот на пристапност се смета за дискриминација и дека тоа е пречка во достигнувањето еднакви можности и права.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button