Здружението „Хута“ со критики за работата на Тетовскиот музеј

Здружението „Хута“ од Тетово го критикува начинот на кој работи Градскиот музеј поради недостиг на артефакти кои ја отсликуваат реалноста во овој град и немање правична застапеност во однос на вработувањето на Албанците.
„Градот Тетово е град со мнозинско албанско население, кое има историја и различни артефакти, кои постојано ги објавуваме на нашата веб-страница, Виртуелниот музеј на Тетово. Но, Музејот на Тетово не го прави ова, а уште помалку досега е преземено да ја отслика реалноста на Тетово. Исто така на етничка основа, Музејот продолжува да има дефицит од албански професионалци како историчар, етнолог и археолог“, вели Рон Кадриу- Здружение „ХУТА“.
На темата реагираше и првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, кој се обврза дека и како локална и како централна власт ќе се заложи за промена на ситуацијата во Музејот на Тетово.
„Што се однесува до градскиот музеј кој е во надлежност на Министерството, и таму нашата дефиниција е дека треба да има рефлексија во промоцијата што музејот им ја прави на вработените, каде преку заменик министерот ќе побараме да има и археолог Албанец вработен за да ја отслика мултиетничката реалност во градот“, рече Касами.
Здружението „ХУТА“најави и тужба против музејот во Тетово, ако дискриминацијата продолжи.
Башким Сулејмани