ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Недостиг од кадар“, Тетовскиот музеј ја демантира невладината „ХУТА“

Само еден ден по обвинувањата на невладината организација „ХУТА“, за недостиг на албански кадар во Националната установа Музеј Тетово, директорот на оваа институција излезе со демант, отфрлајќи ги тврдењата на „ХУТА“. Во одговорот, од Градскиот музеј велат дека оваа институција се занимава со изучување на локалната историја, без да се прави разлика и да се остава настрана која било етничка група која живее во градот Тетово.

Advertisements

Но, од Музејот признаваат дека во оваа институција се вработени само шест Албанци, со образложение дека наскоро ќе има нови вработувања на стручен кадар, потврдувајќи и дека 15 години во овој музеј нема стручен кадар, а особено по пензионирањето на вработената Луљета Абази и другите колеги.

Новата влада, се додава во реакцијата на Музејот на Тетово, работи на решавање на овој запуштен проблем со децении, а акцентот ќе биде ставен на стручниот кадар, а не на етничката припадност – се вели во реакцијата објавена од Музејот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button