СПОРТФУДБАЛ

Нови промени кај Шкупи, заминуваат Канда, Едмундсон и Тошевски

Новата управа на македонскиот прволигаш Шкупи продолжува со промените во својот играчки кадар. Откако клубот се раздели со Михал Пинтер и Алекса Златков, најавено е заминување на уште тројца фудбалери.

Advertisements

Чаирчани ќе се разделат со Јохан Едмундсон, Јумеми Канда и Кристијан Тошевски, кои ќе бидат слободни во потрагата по нова средина за остатокот од сезоната.

Малку зачудува разделбата со Едмундсон и Канда, кои имаа прилично значајна улога во тимот, а и двајцата имаа учинок од три постигнати голови на 12 одиграни натпревари.

По заминувањето на овие играчи, се очекува пополнување на ростерот со нови фудбалери кои наскоро ќе го засилат Шкупи, тим кој не ги бележеше посакуваните резултати во есенскиот дел и заврши на шестата позиција со само 22 освоени бода.

Управата периодов даде особен акцент и на младинската школа, а тоа се потврди со професионалните договори за младите Аритон Мехмеди, Анди Исмаили и Анес Бајрами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button