ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 1.000 вработени со договор на дело во здравство, во јануари ќе добијат решенија

Над 1.000 вработени со договор на дело во здравство, во јануари ќе добијат решенија

Решенијата на над илјада вработени со договор на дело што требаше да заврши до крајот на оваа година ќе се одложат за следниот месец. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека процедурите сега го поминале владиниот филтер и до крајот на јануари ќе стартуваат вработувањата.

Advertisements

Запрашан за паркингот кај Клиничкиот центар, Таравари рече дека сите процедури се завршени и дека работите ќе почнат во јануари.

„Што се однесува до паркинзите, веќе ги завршивме сите постапки за јавни огласи за јавно-приватно партнерство, верувам дека работите ќе почнат кон крајот на јануари и до крајот на мај или почетокот на јуни ќе имаме двојно повеќе паркинг места во клинички центар, моментално имаме околу 700-800 паркинг места во овој хаос, имаме најмалку 1600 до 1800 паркинг места, но не е се, ќе има и хоризонтална сигнализација и вертикална. Клиничкиот центар ќе изгледа многу поинаку со паркингот“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Таравари зборуваше и за потпорниот ѕид на Детската клиника, на кој повеќе од шест месеци му се заканува опасност целосно да се урне. Тој рече дека проектот е подготвен заедно со општина Центар, додека рече дека недостига комуникација со градоначалничката на град Скопје. Тој рече дека овој проблем ќе се реши во текот на следната година./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button