ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Злоупотреби на децата и на температури под нулата

Уличните питачи неодамна беа трансформирани во продавачи на балони. Тие се на различна  возраст,  но  претежно се деца. Најмладиот продавач што го сретнавме, рече дека има само 11 години.

Advertisements

Новинар: Која е цената на еден балон?
Дете продавач: 50 денари

Новинар: Колку продаде досега?“
Дете продавач: 20 парчиња досега.

Новинар: Колку години имаш?
Дете продавач : 11 години.

Новинар: Дали одиш на училиште?
Дете продавач: Да, одам.

Новинар: Дали некој те принудува или сам продаваш?
Дете продавач: Сам излегувам

Друг начин на злоупотреба на децата е тоа што на температури под нулата, главно малолетни деца станаа улични уметници и ги забавуваат граѓаните со музика во центарот на Скопје.

Но, дали станува збор за добро организирана група или за група која злоупотребува и малтретира деца, главно од ромска националност, принудувајќи ги да излезат на улица и да питачат во различни форми, Илија Јовановиќ од организацијата „Градиме иднина“ има одговор .

Како дете, Илија израснал во сиропиталиште. Тој сега има семејство и се грижи за своите три деца. Со отворањето на неговата организација наречена „Градиме иднина“, тој се бори против овој феномен.

Од МВР велат дека се преземаат тековни мерки и активности за ставање крај на оваа појава. Сторителите на делото се приведуваат во подрачната полициска станица.Оттаму додаваат дека во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, МВР презема мерки и активности против питачите.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button