МАКЕДОНИЈА

Голем број деца без родители надежта ја бараат преку СОС детското село

„Секое дете има право да биде сакано, без разлика на бојата, вера и раса. Ако детето ве гледа, погледнете го. Ако детето ве допре со рацете, прегрнете го“.

Advertisements

Ова се само дел од стиховите напишани од едно дете од СОС селото во кои се изразува потребата за љубов, грижа, надеж и помош од повеќе аспекти. Многу деца не по сопствена волја завршуваат во СОС селото или згрижувачките семејства, откако нивните родители претходно ги напуштиле или починале. Згрижувачките семејства се тие кои се обидуваат да ја згаснат болката од минатото на овие деца со тоа што ќе се посветат нивниот живот да продолжи мирно и полно со љубов. Силвана Тушевска веќе 14 години е згрижувачка мајка, во чии раце без родителска грижа израснале повеќе од 20 деца.

Валентина Димовска од Центарот за детска поддршка рече дека постојано има потреба од вакви семејства, особено од албанските. Во моментов, Димовска рече дека има само две албански згрижувачки семејства и еден роднина кои се грижат за дете кое е дел од нивното пошироко семејство.

СОС Детско село моментално соработува со 79 згрижувачки семејства во кои се сместени 142 деца. Димовска рече дека најголем број згрижувачки семејства има во Скопје, а се работи на проширување на оваа мисија низ целата држава.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button