СВЕТ

Несреќа во Етиопија, најмалку 60 загинати

Несреќа во Етиопија, најмалку 60 загинати

Најмалку 60 луѓе загинаа во Етиопија кога камион полн со патници падна во река, соопштија властите во јужниот регион Сидама.

Advertisements

Несреќата се случила во областа Бона, се вели во соопштението на регионалната канцеларија за комуникации објавено доцна синоќа. „Оние кои преживеаја сега се лекуваат во Општата болница Бона“, се вели во соопштението, без да се наведат детали.

Државната телевизија ЕБЦ објави дека патниците патувале на свадба кога се случила несреќата вчера.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Етиопија, каде стандардите за возење се лоши и многу возила се лошо одржувани. /Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button