
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го испофали Мохамед Салах кој игра во фантастична форма оваа сезона.
Во досегашниот дел од сезоната во Премиерлигата Салах има 17 голови и 13 асистенции, во Лигата на шампионите има дадено два гола и четири асистенции.
„Не знаевме дали Мохамед Салах можел уште подобро, но некако покажа дека можел. Дали е најдобар фудбалер во светот? Ако ги видите неговите бројки, не може да има ни дебата за тоа,“ вели Слот.